https://www.facebook.com/photo.php?fbid=755850109235341&set=pb.100044310762261.-2207520000.&type=3

03.01.2023 Скопје

Лидерите на земјите од Латинска Америка во Брзил остварија средба со новиот претседател на земјата, Луис Инасио Лула да Силва, честитајќи му ја функцијата и изразувајќи надеж дека Бразил ќе преземе поголема улога на меѓународната сцена.

Претходникот на Лула и жесток политички противник, Жаир Болсонаро, кој не присуствуваше на инаугурацијата, ретко патуваше во странство и ретко ги примаше шефовите на другите држави во посета и стануваше се поизолиран.

На инаугурацијата на Лула во Бразил, одржана ден претходно присуствуваа јужноамерикански лидери, а меѓу нив беше и претседателот на Уругвај, Луис Алберто Лакале По.

Новиот претседател на Бразил се сретна со претседателите на Аргентина, Алберто Фернандез, на Боливија, Луис Арсе, на Еквадор, Гиљермо Ласа, на Чиле, Габриел Бориќ и на Колумбија, Густаво Петро.

Лула синоќа се сретна и со Ванг Чишан, потпретседателот на Кина која е убедливо најголем увозник на бразилска стока, како и со претседателот на Ангола и со претставници на властите на Куба, Венецуела и Перу.

Подготвено од М.Н.

About Author