https://www.facebook.com/photo.php?fbid=722460805914316&set=pb.100044512086347.-2207520000.&type=3

18.01.2023 Скопје

Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека е оптимист и дека во рок од неколку месеци може да се постигне договор меѓу Белград и Приштина, бидејќи косовската страна има волја за тоа.

„Изразив подготвеност да го сторам тоа но за договор се потребни две страни. За да има долгорочен мир, безбедност и регионална стабилност, Србија мора да се дистанцира од минатото на Слободан Милошевиќ а сега и од Владимир Путин, изјави Курти, додавајќи дека „Србија се приближува до Русија“ и дека „Путин сака да поттикне конфликт во Косово“.

Косовскиот премиер Курти од почетокот на оваа година, даде интервјуа за повеќе од 10 странски медиуми, претежно од германското говорно подрачје, во кои зборуваше за дијалогот со Белград, постигнувањето договор, и руското влијание во регионот.

Подготвено од М.Н.

About Author