https://www.facebook.com/photo.php?fbid=728882898605440&set=pb.100044512086347.-2207520000.&type=3

26.01.2023 Скопје

Премиерот на Косово Албин Курти, изјави дека меѓусебното признавање треба да биде во центарот на француско-германскиот план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Курти потсети дека уште во септември кога го видел нацрт-договорот изјавил дека тоа е добра основа за понатамошни разговори и дека претставува рамка и платформа што овозможува да се оди напред, но и дека се потребни и разговори за да се постигне договор.

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека заедно со Курти и вицепремиерот Бесник Бислими за време на синоќешната работна вечера постигнале согласност за потребата од имплементирање на сите претходно постигнати договори во дијалогот.

Лајчак истакна дека очекува Косово и Србија да го прифатат предлогот и да го потпишат, додавајќи дека Косово добива многу, а нема ништо да изгуби со овој договор.

Подготвено од М.Н.

About Author