13.01.2023 Скопје
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека состаноците во Брисел треба да се одржуваат секој месец, поради дијалогот Косово-Србија и можноста за средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Минатата година се договоривме во Брисел да се среќаваме секој месец, во септември тоа не се случи, туку дојде француско-германски предлог, кој го нарекуваме предлог на Европската унија, кој беше поддржан од Франција и Германија и немаше средба до 21 ноември“, истакна Курти.
Премиерот Курти додаде дека сепак се надева дека оваа година ќе има поголема посветеност од меѓународната заедница, особено од Европската унија и САД, бидејќи „несогласувањата се големи, а довербата е мала“, меѓу него и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Подготвено од М.Н.