https://www.facebook.com/photo.php?fbid=710984730395257&set=pb.100044512086347.-2207520000.&type=3

02.01.2022 Скопје

Премиерот на Косово, Албин Курти бара зголемување на бројот на војници и на опрема на воената мисија на НАТО во Косово.

Курти истакна дека зголеменото присуство на НАТО во Косово ќе придонесе за зачувување на мирот, не само во земјата, туку и во целиот Западен Балкан.

Косово во минатата година го зголемило буџетот за одбрана, како и бројот на резервни војници во Безбедносните сили на Косово соопшти премиерот Курти.

Во Косово моментно има околу 3.800 војници на КФОР, од кои 70 се од Германија, а според одлука на германскиот Бундестаг, во случај на потреба од таа земја во Косово можат да испратат по итна постапка уште 400 војници.

Подготвено од М.Н.

About Author