30.01.2023 Скопје
Денеска, Светската здравствена организација соопшти дека коронавирусот продолжува да претставува вонредна меѓународна јавно здравствена криза, што е највисоката форма на предупредување на оваа агенција на Обединетите нации.
Во соопштението на СЗО се наведува дека пандемијата е веројатно во „преодна точка”, па затоа се уште бара внимателно управување за „ублажување на потенцијалните негативни последици”.
СЗО пред три години го прогласи Ковид-19 за глобална здравствена закана. Во пандемијата, во сите делови на светот од заразата починаа повеќе од 6,8 милиони лица, а болеста имаше негативно влијание врз светската економија и функционирањето на општествата. Со пристигнувањето на вакцините и соодветните третмани во 2020 година ситуацијата со пандемијата почна полека да се менува.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази надеж дека вонредната состојба ќе биде укината оваа година, особено ако на глобално ниво се подобри пристапот до мерките против инфекцијата.
Подготвено од А.Ѓ.