26.01.2023 Скопје
Oркестарот на Филхармонијата денеска ќе одржи концертот насловен „Лезет“ на кој како солист ќе настапи младиот македонски виолинист Александар Иванов.
На програмата се „Психофонија“ од македонскиот композитор Ристо Аврамовски со чија изведба ќе се одбележат и 80 години од раѓањето на авторот.
Концертот за виолина и оркестар во де-дур опус 35 од Ерих Волфганг Корнголд и „Гогољ суита“ од Алфред Шнитке. Диригент е маестро Борјан Цанев.
Александар Иванов е најмладиот добитник на наградата „Виртуози“ во категоријата Млад музички уметник за 2015 година, а е добитник и на други значајни меѓународни награди. Во моментот тој е студент на Juilliard School во Њујорк, САД во класата на професорот Лори Смаклер.
Подготвено од А.Ѓ.