18.01.2023 Скопје
Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, изјави дека, концептот на законот за данок на екстра профит е подготвен но нема да биде пуштен се додека не биде усогласен со стопанските комори.
Премиерот Ковачевски нагласи дека законот нема да биде наметнат, туку ќе се усогласува со коморите затоа што идејата е да биде закон за социјален придонес на компаниите.
„Не се работи за зафаќање на профитот од редовното работење, туку за оданочување на екстра добивката што е над просекот што компанијата ја остварила изминатите години“, истакна Ковачевски, на прес-конференцијата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Ковачевски додаде дека компаниите кои ќе бидат опфатени ќе зависи од критериумите во законот без разлика на индустријата во којашто работат.
Подготвено од М.Н