10.01.2023 Скопје
Со по три филмски проекции дневно во попладневните и во вечерните часови, во Кинотеката и годинава од 12 јануари ќе се одржи традиционалното „Кино утро“.
Како што најавуваат од Кинотеката на програмата се шест наслови наменети и за мали и за големи деца, но и за сите оние што се чувствуваат младо во срцето, без разлика на возраста.
Од Кинотека информираат дека годинава доаѓаат најпознатите негативци од филмското платно Џек Скилингтон и Гру засилени со помалку познатите, но полни со потенцијал како „Лил, Лил, Крокодил“, „Кошмар пред Божиќ“, „Кашеј: Крадец на невести“, „Авантурите на Финик“, „Мињони: Подемот на Гру“, „Макс и бесната дружина“.
Подготвено од А.Ѓ.