03.01.2023 Скопје
Пекинг се изјасни против барањата за тестирање за патниците од Кина и се закани дека ќе преземе реципрочини мерки на земјите кои наметнуваат такви ограничувања.
На прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, истакна дека веруваат дека ограничувањата за влез усвоени од некои земји кои ја таргетираат Кина немаат научна основа, а некои прекумерни барања се уште понеприфатливи.
Нинг нагласи дека Кина се спротивставува на обидите за манипулирање со мерките против коронавирусот за политички цели и ќе преземе контрамерки врз основа на принципот на реципроцитет.
Подготвено од А.Ѓ.