https://www.flickr.com/photos/133899569@N04/36091519324/in/photolist-WZhthy-pcVmFJ-HHcM1-HydDJf-ywRo5k-Sz3Fpw-2baxpf2-919wmD-66g57H-oHobaY-yE5GAm-7y6THe-T69SYz-eufPyt-9c6Zai-dFJUdU-CRKzue-H3EfnP-25AbA8b-KfBx7V-SevaZ4-gmTqXE-RFBE4d-2bEP1eq-nsUPEU-TrWmeT-24pJXB4-234AcvE-gmWaWi-28V1p7z-WUo3J3-24zk763-bMGwfn-goFc86-notV3h-2dm4fn6-8WJRHu-7QVmt2-91cCu7-8uNb3m-CqicFL-pEeJPG-DsQtdP-WQ1yHL-pps111-g26jhF-s1F4Qc-65SRWJ-PLWv2v-919GxF

20.01.2023 Скопје

Украинската влада денеска до парламентот поднесе предлог-закон со кој бара да се укине Украинската православна црква доколку украинските власти утврдат дека е поврзана со Русија.

Предлог-законот бил изготвен според инструкциите на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинскиот претседател Зеленски кон средината на декември побарал на парламентот да подготви нацрт-закон за забрана на „верските организации поврзани со центри на влијание со Руската Федерација“.

Претставникот на владата во собранието, Тарас Мелничук, соопшти дека предложениот закон предвидува измени на сегашниот закон со кој се оневозможува работење на верските организации чиј центар на управување е надвор од Украина, поточно во држава што врши агресија врз Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author