https://www.facebook.com/photo?fbid=104777394336183&set=a.104777417669514

17.01.2023 Скопје

Државниот пазарен инспекторат соопшти дека минатата недела казнила 56 угостителски објекти и казина во кои се пушело цигари во затворен простор.

Од Државниот пазарен инспекторат соопштија дека во деновите по празниците, односно од 10 и 14 јануари, биле извршени над 200 инспекциски надзори на територија на цела држава во согласност со надлежностите кои ги имаат од Законот за заштита од пушење.

Инспекторатот соопшти дека за време на инспекциските надзорите утврдени биле неколку неправилности, односно непочитување врз основа на член 2 и член 3 од Законот за заштита од пушењето, за што се издадени 56 прекршочни платни налози.

Во Законот стои дека казната за правното лице е од 2.000 до 4.500 евра, за одговорното лице од 500 до 1.000 евра, а физичкото лице кое ќе биде фатено како пуши во затворен објект ќе биде казнето со 100 до 300 евра, сите во денарска противвредност.

Подготвено од М.Н.

About Author