20.01.2023 Скопје
Федерален судија им нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите адвокати да платат повеќе од 930.000 долари отштета за неоснованата тужба против поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
Судијата Џон Мидлбрукс, кој ја отфрли тужбата на Трамп во септември минатата година, изјави дека отштетата е оправдана бидејќи поранешниот републикански претседател покажал модел на злоупотреба на судовите за да ја унапреди својата политичка агенда.
„Од самиот почеток беше очигледна несоодветноста на правни барања на Трамп, ниту еден разумен адвокат не би го водел случајот. Согласно политиката ниту една од точките во изменетата жалба не претставуваше легитимно правно барање“, напиша Мидлбрукс во својата одлука.
Трамп ја тужеше Клинтон, демократската кандидатка за претседател во 2016 година, тврдејќи дека таа и другите демократи се обиделе да ги наместат изборите со лажно обвинување дека неговата кампања е поврзана со Русија.
Подготвено од М.Н.