evropska centralna banka

27.01.2023 Скопје

Шефот на Бундесбанк, Јоаким Нагел, оценува дека Европската централна банка ќе мора дополнително да ја олади инфлацијата со приспособување на основните каматни стапки.

Банкарот истакна дека каматните стапки сепак ќе мора да растат. Европската централна банка од јули четири пати ја зголеми основната каматна стапка, која сега изнесува 2,5 отсто.

Претседателот на Бундесбанк и член на Управниот одбор на Европската централна банка изјави дека веќе се најавени корекции за февруари и март и нема да биде изненаден ако и потоа „ги зголемиме каматните стапки“.

Европската централна банка се обидува да ја задржи инфлацијата на два проценти годишно. Сепак, комбинацијата на кризи, особено зголемените цени на енергијата и храната поради војната во Украина, ја поттикна стапката на раст на малопродажната цена на рекордните 8,6 проценти во 2022 година.

Монетарните власти се обидуваат да ја потиснат инфлацијата со зголемување на каматните стапки, што пак ја зголемува цената на кредитите, го забавува економскиот раст и ја потиснува потрошувачката, а со тоа и цените.

Инфлацијата, додуша, донекаде забави во декември, но сепак е на годишно ниво од 8,6 отсто во Германија и 9,2 отсто во еврозоната.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author