https://www.flickr.com/photos/bart_omeu/7271622454/in/photolist-c5yY1W-bygTgj-dKNYSi-2nhuLA3-QArZWM-9LUUBP-2mhYoeV-rsp3k8-2nkrnpW-2nXUQxx-2nTHKMt-DAHeyx-2mYndN7-WrUxL4-4wD3AB-JMChHu-2ndET5e-29LjaY4-Menwoh-2nYZvRi-2iffv9H-2o28Gxi-BEKZp7-7v64Gh-2o1iQio-5ebbeJ-24TUD1P-2nanWnv-aUnCet-RYFof-2mZBEZ1-2mFGvic-N3gUhr-7v3Kz3-2mzHdtt-7dc4X7-bxR7Sm-2cKqJfC-FApnQ4-2jaCw34-2k7fZFC-2mLw29w-P4ZCH6-8Ryx3G-2mR6L3B-2k8Qvtb-2n7PHJS-2e95fVZ-2n3mMts-jHA5KP

30.01.2023 Скопје

Првиот обид за поставување семафор во светот било на 10 декември 1868 година, што е и официјален датум на поставување на првиот семафор во светот.

Првиот семафор се наоѓал во Лондон, пред британскиот парламент, работел на плин, а се состоел од два подвижни знаци прикачени на краци кои се управувале со помош на лост, и бил осветлен на врвот за да се обезбеди видливост дури и ноќе.

Светот станал подготвен за семафори дури откако струјата станала вообичаена во градовите, а градот Кливленд (Америка) ја имал честа да стане дом на првиот двобоен семафор кој работел на струја.

Во Европа, првиот семафор бил поставен во Париз во 1923 година, а потоа и во другите поголеми градови, Берлин, Милано, Рим, Лондон, Прага и Барселона.

Боите на семафорите се земени од железничкиот сообраќај. Отпрвин, железницата користела црвена боја за да означи стоп, бела за да покаже движење и зелена за да покаже претпазливост, но сепак, белата боја не се покажала како добро решение бидејќи можела лесно да се помеша со ѕвездената светлина ноќе и била заменета со жолтата боја.

Првата конвенција за унифицирање на патната сигнализација била потпишана во Женева во 1931 година. Нејзината цел била да ја зголеми безбедноста на патниот сообраќај и да го олесни меѓународното движење по патиштата со единствена сигнализација. Поголемиот дел од знаците што денеска ги гледаме на улиците биле одредени со тој договор, а семафорите со три бои (црвена, жолта, зелена) станале стандардни во целиот свет.

Подготвено од М.Н.

About Author