25.01.2023 Скопје

Снежно невреме ја погодија Јапонија, снегот предизвика големи проблеми во сообраќајот, а стотици летови веќе се откажани.

Снег, пропратен со силни ветрови, без прекин паѓа веќе неколку денови, а снежната покривка достигна рекордни 93 сантиметри во западниот град Манива.

Домашните авиокомпании, вклучително и АНА и Јапонија ерлајнс, откажаа повеќе од 300 летови, а брзата железница го одложи патувањето во северна Јапонија.

Околу 3.000 луѓе вчера беа блокирани на две железнички станици во западниот јапонски град Кјото, откако снегот и силниот ветер го запреа сообраќајот.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *