https://www.flickr.com/photos/jayblue/21638003105/in/photolist-yY5qt4-5xzvuC-7FVQu4-UwxuDk-UwwaVv-2keiYgk-27G33j4-KsKxX-Uk1X5v-Uk2z3H-cRPZdo-4RCtrL-ciD2hf-Uk2wpB-UsULsY-ThYTD8-Tf7DnA-UwxgU2-2kMWc4M-Tf7ACC-65pGHZ-65pFkV-65tWf5-YAtSkZ-65tWNb-65pDAZ-4squQ-ukvbB-9ZUgm-4aiiv-2irBr2f-2BRcc2-2kNQszi-biwPdM-sDt9X-j3HZE6-wyWhH-8g7LZc-c6Fm2N-9L87Gi-77cAK9-65tZMA-3mNvV-65pEor-bPhPeZ-4HM9Hx-ttSHD-8ZnrcH-8yz3vu-5Ls4YD

03.01.2023 Скопје

Извозот на гас од руската компанија Газпром надвор од земјите од поранешниот советски блок падна за 45,5 отсто во 2022 година.

Газпром ги објави овие податоци во вчерашната анализа на операциите во минатата година обележана со нагло намалување на испораката на руски енергетски производи во Европа како резултат на санкциите на Западот поради руската офанзива врз Украина.

Во соопштението на извршниот директор на компанијата Алексеј Милер се наведува дека групата има извезено 100,9 милијарди кубни метри гас во 2022 година во земји „далеку во странство“, термин кој не ги вклучува поранешните советски републики.

Во 2021 година, Газпром испорачал 181,1 милијарди кубни метри гас во истите тие земји, стои во соопштението на компанијата.

Подготвено од М.Н.

About Author