kongres nema izbran pretsedatel sad

04.01.2023 Скопје

Конгресмените во САД во првиот круг не успеаја да изберат претседател на Претставничкиот дом на Конгресот, и ова се случува за првпат по 100 години во Домот.

Кревкото републиканско мнозинство го номинираше Кевин Мекарти за претседател, но не ги доби потребните 218 гласови, иако републиканците таму имаат 222 конгресмени.

Некои од поддржувачите на Доналд Трамп во редовите на републиканците не го поддржаа Мекарти.

За избор беа поднесени вкупно три апликации. Покрај Мекарти, републиканците го номинираа и Ендрју Бигс, а демократите го номинираа Хаким Џефрис.

Подготвено од М.Н.

About Author