21.01.2023 Скопје
Министерството за образование и наука соопшти дека исплатите за ученички стипендии, студентски стипендии во Република Северна Македонија и во странство, и субвенциониран студентски оброк ќе се реализираат во текот на следната недела.
„Основ за исплата е усвојувањето на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2023 година и Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2023 година, кои се веќе доставени до комисите на Владата на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од МОН.
„Програмите ќе бидат усвоени на следната владина седница, по што МОН ќе ги подмири сите заостанати финансиски обврски кон учениците и студентите,“ соопшти Министерство за образование и наука.
Подготвено од М.Н.