26.01.2023 Скопје
Институтот за комуникациски студии (ИКС) станува официјален носител на нова Катедра на УНЕСКО за писменост за иднината (futures literacy) и медиумска писменост во рамките на UNESCO/UNITWIN програмата.
„Овој проект го гледаме како можност за создавање долгорочна и одржлива соработка во областа на медиумската писменост и писменоста за иднината, како и можност за поттикнување на поодговорна употреба на современи дигитални алатки за комуникација и споделување содржини“, соопштија од институтот за комуникациски студии.
Главните цели на новата УНЕСКО Катедра на ИКС ќе бидат зајакнувањето на капацитетите на различни групи на население, вклучително и младата популација и ранливите групи за разбирање и справување со различни видови информации, домашни и меѓународни истражувања за медиумската и информациска писменост и писменоста за иднината и национална и меѓународна соработка за писменост за иднината која ќе води кон поинклузивни и правични општества.
Подготвено од М.Н.