19.01.2023 Скопје
Од Министерството за култура информираат дека Министерството за култура (Одделение за Креативна Европа на ЕУ – Култура) во соработка со националните установи од Скопје ( НУ Музеј на Македонската борба), Велес ( НУ Театар Јордан Х.К.Џинот), Тетово (НУ Центар за култура „Иљо Антески – Смок“), Гостивар (НУ Центар за култура АСНОМ) и Штип (Центар за култура „Ацо Шопов“) и корисниците на програмата „Креативна Европа – Потпрограма Култура“ и Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул“„Бата прес милениум” д.о.о. и Друштовото за издавачка дејност „Сказнувалка” од Скопје од 24-ти до 27-ми јануари 2023 година, организира информативни сесии за тековните повици на категориите: „Проекти за соработка“ и „Циркулација на европските книжевни дела“ за 2023 година.
Времето и местото на одржување на информативните сесии се наведени во програмата за настаните.
Министерството за култура истакна дека присуството треба да се потврди на електронската адреса: info@ced.mk.
Подготвено од А.Ѓ.