05.01.2023 Скопје
Државната компанија за производство на електична енергија Електрани на Република Северна Македонија (ЕСМ) минатата година ја завршила со загуба од дури 28 милиони евра, покажува објавениот извештај на независниот ревизор РСМ.
Буџетот од државата во 2023 година (енергетска и инфлациска) е предвиден на 250 милиони евра. Голем дел од овие пари според најавите, ќе бидат наменети токму за помош на населението и на фирмите за да се справат со високите сметки за струја.
Во таа насока, и цената по која ЕСМ ја продава произведената струја од државните капацитети е далеку под производствената цена, а за да може да функционира нормално, пред се да ги направи набавките на јаглен и на мазут, се префрлаат пари од државната каса.
Според Владата, преку ЕСМ ги субвенционира сите домаќинства со 73 отсто од сметката, односно ако сметката е 2.000 денари, реално би требала да биде 3.455 денари што значи субвенцијата е 1.445 денари.
Подготвено од М.Н.