17.01.2023 Скопје

И денес Скопје е многу загаден град со ситни ПМ10 честички, и се наоѓа на 15. место според сајтот што врши рангирање IQAir со индекс на загадување.

Загадувањето почна да се зголемува од пред неколку дена и веќе трет ден по ред среднодевните концентрации ја надминуваат безбедната вреднист од 50 микрограми на кубен метар воздух. Во Лисиче е најлошо, таму среднодневната вредност за 16 јануари изнесува 104 микрограми на кубик воздух, а во Центар е 99,8.

Во Струмица со вредностите на вчерашниот ден е исполнет условот за алармирање, но засега е неизвесно дали надлежните ќе воведат мерки, затоа што од УХМР најавија дека се очекува засилен јужен ветер.

За вчера загадувањето со ПМ10 во Струмица е 174 микрограми на кубик воздух, а за завчера 162. Условот за алармирање е два дена по ред загадување од најмалку 150 микрограми и најава за стабилно време без ветер.

Во западната зона најзагаден е воздухот во Кичево, но не е исполнет условот за алармирање. Вчера среднодневната вреднист на ПМ10 во Килево изнесувала 135 микрограми на кубик воздух. Загадено е и во Тетово, Гостивар и во Прилеп, со вредности до 90 мцг/м2.

Во останатите градови во државата нема критично загадување.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *