https://www.facebook.com/photo/?fbid=677562004370766&set=pb.100063509179160.-2207520000.

06.01.2023 Скопје

Рускиот претседател Владимир Путин се обидува „да здивне“ со воспоставување на 36-часовен прекин на огнот, изјави американскиот претседател Џо Бајден, по објавата дека Москва предлага воспоставување на примирје поради Божиќ.

Кремљ претходно објави дека претседателот Путин наредил на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе дводневен прекин на огнот долж целата линија на фронтот со Украина за време на Бадник и Божиќ, почнувајќи на пладне на 6 јануари и завршувајќи на 7 јануари, по апелот на патријархот Кирил од Руската православна црква.

Советникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Михаил Подољак изјави дека Киев отфрла било каков мировен договор со Москва што ќе и овозможи на Русија да ја задржи окупираната украинска територија од руските сили.

Подготвено од М.Н.

About Author