31.01.2023 Скопје
Поранешниот младински репрезентативец на Хрватска Томислав Турчин е најновото засилување за кратовски силекс.
Турчин во Силекс ќе пристигне за два дена, пред тимот да отпатува на подготовките во Анталија.
Турчин настапуваше за Ријека, Рудеш, Вараждин, Широки Бријег, Алуминија и вториот тим на Динамо Загреб. Треба да се споменат и пет настапи за репрезентацијата на Хрватска до 19 години.
Томислав Турчин е крилен напаѓач, позиција со која Силекс имаше проблем во првиот дел од сезоната и беше една од главните цели да се пополни за пролетниот дел.
Подготвено од М.Н.