https://www.facebook.com/photo.php?fbid=507625664884892&set=pb.100069123883596.-2207520000.&type=3

18.01.2023 Скопје

Холандскиот премиер Марк Руте соопшти дека го известил американскиот претседател Џо Бајден дека Холандија ќе и го понуди на Украина ракетниот систем Патриот.

„Холандија ќе им се придружи на САД и Германија во испраќањето на системот за противракетна одбрана „Патриот” во Украина“, истакна Руте на средбата со Бајден во Белата куќа, по што Бајден му се заблагодари на Руте за неговата посветеност и поддршка за Украина.

Руте информираше дека Холандија одлучила да потроши дополнителни 2,5 милијарди евра за поддршка на Украина, што претходно го најави владата.

Бајден и Руте треба да разговараат за понатамошна поддршка за Украина, како и за понатамошна соработка во областите на одбраната, безбедноста и зајакнувањето на билатералните трговски односи, стои во соопштението на холандската Влада.

Подготвено од М.Н.

About Author