23.01.2023 Скопје
Британските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјавил дека ќе го напушти клубот кога ќе почувствува дека повеќе нема контрола над соблекувалната.
Манчестер Сити моментално е на второто место на табелата со пет бода помалку од првопласираниот Арсенал, но „граѓаните“ имаат и натпревар повеќе. Гвардиола смета дека неговите фудбалери ја немаат истата „глад“ за трофеи. Тој вели дека имал идентична ситуација кога бил тренер на Барселона.
„Ги разбирам фудбалерите, но тука сум да ги исправам работите. Претседателот знае, сакам да бидам тука, но ако не успеам во тоа, ќе си заминам.
Жал ни е за оние кои не нè сакаат, но ќе влеземе во историјата поради она што го постигнавме во Премиер лигата“, рече Гвардиола.
Шпанскиот стратег со Манчестер Сити освои единаесет трофеи. Претходно беше на чело на Баерн Минхен и Барселона.
Подготвено од А.Ѓ.