18.01.2023 Скопје
Денеска, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека не гледа можност наскоро да заврши војната во Украина, бидејќи има големи разлики меѓу завојуваните страни.
Гутереш на Светскиот економски форум во Давос истакна дека руско-украинската војска ќе заврши, но не наскоро. Сепак, тој смета дека во овој момент не гледа можност за мировни преговори меѓу двете страни, потенцирајќи дека руската инвазија создаде ситуација во што, во основа, двете страни имаат големо несогласување за минатото и тоа е секогаш тешко да се реши.
Исто така, Гутереш истакна и дека постојат две сосема различни гледишта за тоа што беше руската империја, кои се денес Украинци, а кои се Руси и според него е јасно дека оваа мешавина ги отежнува нештата за да се дојде до решение.
Подготвено од А.Ѓ.