16.01.2023 Скопје
Во четвртокот, грчкиот министер за миграција и азил, Нотис Митаракис, бил примен во Виена од австрискиот канцелар Карл Нехамер, откако ден претходно се сретнал со министерот за внатрешни работи Герхард Карнер, објави грчкото издание Нафтемборики.
Според соопштението објавено во врска со ова, Грција презема иницијатива да го поддржи барањето на Бугарија и Романија за приклучување кон Шенген зоната. Ова проширување ќе има директни придобивки и за Грција, бидејќи земјата ќе се обедини по пат, во рамките на Шенген зоната, со останатите земји-членки на Европската унија.
За оваа иницијатива Грција е во контакт со шведското претседателство со ЕУ и со Европската комисија.
Грција го поддржува пристапувањето на Бугарија и Романија, бидејќи тоа ќе придонесе за стимулирање на економската активност на земјата, преку копнената врска со Шенген зоната и за зајакнување на безбедноста на надворешните граници на ЕУ.
Подготвено од А.Ѓ.