20.01.2023 Скопје
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и понатаму верува дека е возможно кризата помеѓу неговата земја и Турција да се реши преку разговори со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Односите на двете сојузнички во НАТО и историските регионални ривали, во изминативе три години, повторно станаа напнати и проследени со алармантна реторика.
Ердоган веќе неколку пати изјави дека турските вооружени сили „преку ноќ“ би можеле да влезат во Грција, а дури се закануваше дека ќе со балистички проектили ќе ја нападне Атина, а Мицотакис се обидува да ја смири настанатата тензија.
„Би требало да бидеме во можност да седнеме со Турција како разумни, возрасни луѓе и да го решиме нашето главно несогласување, а тоа е разграничување на поморските зони“, изјави премиерот на Грција.
Подготвено од М.Н.