cicipas finale tenis avstralija open

27.01.2023 Скопје

Стефанос Циципас е првиот финалист на Австралија Опен откако го победи Карен Хачанов со 3:1 во сетови (7:6, 6:4, 6:7, 6:3).

Почетокот на мечот донесе сигурна игра на двајцата тенисери на свој сервис, а потоа во четвртиот и петтиот гем си разменија по еден брејк. Иста ситуација каде и двајцата изгубија свој сервис можеше да се види и два гема подоцна.

Неколку шанси за брејк во вториот сет не искористи Хачанов, за потоа Циципас успеа да го казни со 6:4 и да поведе со 2:0 во сетови. Како и во првиот сет и во третиот се виде тај-брејк, но сега Хачанов беше поуспешен за намалување на 2:1.

Третиот сет донесе многу посигурна игра на Циципас, па така заслужено стигна до 6:3 и победа од 3:1.

Во финалето во недела Циципас ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Ѓоковиќ и Томи Пол.

Подготвено од М.Н.

About Author