04.01.2023 Скопје
Со објава на социјалните мрежи, граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ реагира на високото загадување на воздухот и несоодветните политики кои доведуваат градот да се наоѓа како во „гасна комора“.
Во објавата стои дека веќе неколку дена градот под Шар Планина, сега веќе национален парк, има 40 пати позагаден воздух од дозволеното поради енормна концентрација на ПМ 10 честички.
Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ порача дека политиките треба да се водат така што здравјето на луѓето ќе биде на прво место, а на последно место ќе бидат интересите на урбаната мафија.
Од „Тетово сака парк“ истакнуваат дека ваквата состојба се превенира со години за да не се случи, а кога ништо не е преземено, градот е гасна комора. Воедно, потенцираат дека е потребно алармирање на сите надлежни и преземање на одговорност и воведување на нов начин на работа, како и креирање на политиките.
Подготвено од А.Ѓ.