sudstvo

11.01.2023 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, грчкиот главен обвинител Исидорос Нтогијакос предизвика шокови откако одлучи дека независната власт одговорна за прашањата за приватност (АДАЕ) не може да врши ревизија на телекомуникациските компании за да открие кој е под надзор на грчките тајни служби. Воедно, им се закани на членовите на Грчката управа за комуникациска безбедност и приватност (АДАЕ) со кривично гонење.

Таканаречениот скандал „грчки Вотергејт“, според кој неколку политичари, новинари и бизнисмени биле надгледувани од грчките тајни служби од страна на конзервативната влада на премиерот Киријакос Мицотакис (ЕПП), се смета за отворена рана за земјата и претстојните општи избори.

Мицотакис досега се обидуваше да држи дистанца, велејќи дека не знаел за случаите на прислушување, иако првиот закон што го донесе како премиер беше да ги преземе тајните служби под негова надлежност.

АДАЕ е независна власт чија улога е предвидена во грчкиот устав. Од избивањето на скандалот, неколку лица побарале од надлежните органи да откријат дали се под надзор.

Главниот обвинител истакна дека според новиот закон, АДАЕ не може да врши такви активности, а доколку го стори тоа, може да се применуваат кривични казни. Воедно, додаде дека поради особено чувствителната природа на прашањето за укинување на доверливоста на комуникациите, кривичните санкции предвидени со постојниот законодавен режим во случај на повреда на релевантните одредби како од страна на членка на АДАЕ, така и од делот од другите лица, се особено сериозни, со пропишана казна, под одредени услови, дури и привремен затвор.

Неговото мислење предизвика бурни реакции кај сите опозициски партии и чинители на правдата.

Заедничка точка на сите реакции на мислењето на обвинителот е дека тоа суштински ги блокира контролите на АДАЕ, ја заплашува и попречува истрагата за скандалот со прислушувањето.

Ксенофон Контиадес, професор и претседател на Центарот за европско уставно право, остро го критикуваше обвинителот, велејќи дека „правната заедница силно ќе се спротивстави на незамисливото мешање на обвинителот во уставно и законски предвидената мисија на АДАЕ“.

Грчката влада рече дека „целосно ја почитува“ правдата и го обвини Ципрас за создавање „токсична“ атмосфера.

Грција сè уште го чека исходот од истрагата на комитетот ПЕГА на Европскиот парламент за „грчкиот Вотергејт“ и клучната посета на Атина од страна на комитетот ЛИБЕ.

Официјален претставник на ЕУ изјави дека Европската комисија, која беше доста чувствителна во однос на улогата на независните национални власти, смета дека ова прашање „би требало да го испитаат националните власти“.

ЕПП не зазеде никаков став спротивен на социјалистите и демократите (S&D) кои повикаа на итна политичка промена во медитеранската земја.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author