argentina rakomet

17.01.2023 Скопје

По првите две кола, во кои беше поразена од Холандија и Норвешка, селекторот Гиљермо Милано ги воочи слабосите во својот тим и вечерва против Република Северна Македонија се очекува да ја видиме најдобрата Аргентина на Светското првенство во Полска и Шведска.

Гиљермо ги пофали своите избраници за борбеност на своите избраници против Норвешка и најави дека нивниот фокус е целосно насочен кон дуелот со Република Северна Македонија.

„Сакам да ѝ честитам на Норвешка, тие се селекција на која ѝ се восхитуваме за нивната дисциплина и одличното ниво на игра што го имаат, но исто така сакам да им честитам на моите играчи бидејќи тие го оставаат своето срце во секоја акција. Нашиот фокус беше да го подобриме лошото издание на претходниот натпревар и да одиграме малку поорганизирано, мислам дека успеавме во тоа, но само во првото полувреме. Сега треба да го задржиме тоа во текот на целиот натпревар против Република Северна Македонија, оти само така можеме да се пласираме во главната рунда на Светското првенство“, рече Гиљермо.

Натпреварот кој што започнува од 18:00 часот ќе биде прв меѓусебен на Република Северна Македонија и Аргентина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author