24.01.2023 Скопје
Германската амбасадорка Анке Холштајн по две ипол години минати во земјава на својот Твитер профил вчера напиша порака со збогување во која истакна дека таа ја напушта Република Северна Македонија.
„Ќе ми недостасува одличниот тим, гостопримливите луѓе и прекрасните пејсажи и предели. Многу пријателства ќе останат, и многу сум горда сум на македонско – германски односи“, стои во пораката на која додаде дека со нетрпение ги очекува новите предизвици во Москва.
Германската амбасадорка неодамна на прошталната средба со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи истакна дека Германија и понатаму силно и одлучно ќе ја поддржува европската иднина на Република Северна Македонија.
Од Министерството за надворешни работи соопштија дека министерот Бујар Османи и се заблагодарил за нејзиниот досегашен ангажман и придонес за развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Германија.
Подготвено од М.Н.