13.01.2023 Скопје
Министерствата за надворешни работи на Германија и Франција ја повикаа Африканската унија (АУ) да покаже солидарност со Европа против руската инвазија врз Украина за време на посетата на седиштето на организацијата во главниот град на Етиопија.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок рече дека соработката меѓу Европската унија и Африканската унија е исто така неопходна за решавање на други големи кризи со кои се соочува светот, вклучувајќи ги климатските промени и недостигот на храна, како и вооружените конфликти и во Европа и во Африка.
Колона, исто така ја истакна важноста на мултилатералната соработка и рече дека руската агресија „ги загрозува основните принципи на Повелбата на Обединетите нации“.
Муса ја истакна германската и француската помош за АУ во борбата против теророт и насилството во Сахел и ги повтори повиците за африканско претставување во Советот за безбедност на ОН.
Подготвено од М.Н.