rabota vo germanija

09.01.2023 Скопје

Германија се соочува со демографски промени, со голем број слободни работни места и поради тоа треба да имигрира околу 400.000 луѓе годишно за да функционира економијата, здравјето и грижата за старите лица.

Според сегашните закони, „квалификувана“ работна сила може да емигрира во Германија од целиот свет.

Само луѓето од Балканот можат да добијат работа и работна виза, дури и кога работат надвор од својата професија или без професионална квалификација. Но, деновиве пристигнуваат вести кои ги засегаат и граѓаните на регионов, бидејќи во иднина 50.000 луѓе од регионот секоја година ќе можат да се вработат и да се населат во Германија, дури и да немаат стручни квалификации.

Во предлог-законот, до кој пристап имала агенцијата ДПА, се наведува дека локалните власти имаат намера да ја удвојат квотата за имиграција на неквалификувани работници од балканот.

Во прашање е таканареченото правило на Западен Балкан, кое предвидува повластен пристап до германскиот пазар на труд за граѓаните на Република Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.

ДПА оценува дека новината се огледа во постоењето на таканаречената карта на шанса, која би била алатка во борбата против „драматичниот недостиг на работна сила во бројни гранки“.

Станува збор за можноста луѓето да се преселат во Германија, па дури потоа реално да побараат работа. За тоа време, тие ќе имаат право да работат со скратено работно време надвор од нивната професија за да заработат за живот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author