25.01.2023 Скопје
Потпаролот на германската Влада, Штефен Хебестрајт, изјави дека е донесена одлука државата да испрати воена помош на Украина.
Одлуката на Германија е да испрати 14 целосно опремени тенкови „Леопард“ во Украина.
Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави дека ова не е изненадувачка одлука, и дека Германија секогаш се залага за голема помош кон Украина за да се справи со агресиите на Русија.
Наскоро се очекува да започне и обуката на украинските војници на територијата на Германија, а Германија се очекува да обезбеди и логистика и муниција, стои во соопштението од Берлин.
Германија исто така ќе обезбеди и соодветни дозволи за трансвер на земјите партнери кои сакаат брзо да ги испорачаат тенковите „Леопард 2“ од нивните залихи во Украина, се вели во соопштението.
Подготвено од М.Н.