10.01.2023 Скопје
Британскиот Гардијан пишува дека доколку Бриселскиот договор не се спроведе оваа година, поврзувајќи ја политичката автономија на косовските Срби и нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово, ризикот од неизбежен конфликт е реален, а доколку тоа се случи, последиците би биле сериозни.
Во написот во кој се анализира ситуацијата на Западен Балкан, под наслов „Европа треба да направи повеќе“, Гардијан наведува дека во декември „локалните спорови“ доведоа до поставување барикади на северот на Косово, кој главно е населен со Срби.
Се посочува и дека капацитетот на Европската унија да посредува е „комплициран“, поради зависноста на Србија од рускиот гас, но и одбивањето на Белград да воведе санкции кон Москва.
Подготвено од А.Ѓ.