https://www.flickr.com/photos/betterthannews/2612825699/in/photolist-4YTq3X-dRfJcj-NAA2y-5WSLUW-5d4bhh-2h8Q49y-DKvZKH-9Ugwkg-nNneH-9w4L8m-9w3KyY-7iVyaT-9vZL24-87T7vs-9w4TCq-9w3QQu-9w1RQr-9w49sq-9w4D1Q-9w1mb6-9w1duT-9w46Ms-9w2rhX-9vZLQV-9w1tLg-9vZRgZ-9w2rdr-9w1SM6-9w1wXM-9w5t6q-9w4acU-hs2zM-9w4otJ-9w1pDa-9w4TQJ-9ZfUbA-9w4JtL-9w4e2L-9w4FSf-9w3DnJ-9w1w92-9w4cyA-9w1znt-9w1rjc-9w4T3f-9w4Thd-9w4gu5-9w14xK-9w2Nf3-bJv7Pr

03.01.2023 Скопје

За празници или за специјални прилики, французите преферираат да јадат остриги бидејќи веруваат дека остригите се и природен лек против мамурлак.

Нутриционистката Ерве Лариел вели дека остригите имаат малку калории и масти, добри се за варењето, но имаат и цинк кој е добар за елиминирање на алкохолот од ораганизмот.

„Консумирањето остриги навечер или ден по славењето навистина има својства против мамурлакот но сепак најдобро е да се избегнува прекумерното консумирање алкохол за да се избегне оваа непријатна состојба“, истакнала Лариел.

Остригите се одгледуваат во неколку области во Франција, а најмногу покрај Атлантикот, и остригата е комплетен оброк, бидејќи е свежа и совршена за јадење кога сме малку гладни, изјавил еден одгледувач, и истакнал дека подобро е остригите да се јадат од задоволство, отколку против мамурлак.

Подготвено од М.Н.

About Author