fondacija gejts budzet

17.01.2023 Скопје

Извршниот директор на филантропската организација на Бил и Мелинда Гејтс, Марк Сузман, објави дека годинава од нивниот буџет ќе бидат потрошени 8,3 милијарди долари, што е најмногу досега.

Воедно, Сузман одговори на критиките дека Фондацијата е премногу моќна и влијателна во глобалното здравство, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација, а притоа не презема соодветна одговорност.

„Не е во ред приватна филантропска организација да биде еден од најголемите финансиери на глобалните здравствени напори“, истакна Сузман, додавајќи дека државите треба да бидат лидери во тоа, „но за да нема забуна, онаму каде што има решение за спасување и подобрување на животите на луѓето, ние ќе бидеме таму. Нема да престанеме да го користиме нашето влијание и нашите пари, и секогаш ќе се трудиме да изнајдеме соодветно решение“, потенцираше извршниот директор.

Со инвестиции насочени кон искоренување на болести како маларија и полио, фондацијата е вториот најголем донатор на СЗО. Ова е едно од прашањата што критичарите редовно го истакнуваа, особено за време на пандемијата на Ковид-19.

„Би сакал многу повеќе земји да не надминат на таа листа, бидејќи тоа би значело повеќе спасени животи“, истакна Сузман.

Подготвено од М.Н.

About Author