24.01.2023 Скопје
Министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хаaвисто, изјави дека Хелсинки мора да размисли за влез во НАТО без Шведска, откако Турција соопшти дека нема да го поддржи шведскиот влез во Алијансата.
Турција по протестот пред турската амбасада во Стокхолм каде меѓу другото беше запален Куранот, соопшти дека нема да го поддржи пристапот на Шведска за влез во НАТО поради непочитување на муслиманите од страна на државата.
Финскиот министер за надворешни работи Пека Хаaвисто, додаде дека сепак заедничкиот пристап е првата и најдобра опција за двете земји, и се надева дека односите меѓу Шведска и Турција наскоро ќе се нормализираат.
Подготвено од М.Н.