31.01.2023 Скопје
Финскиот претседател Саули Нинисте, изјави дека контактирал со Анкара веднаш по вчерашната изјава на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган дека Турција би можела да донесе одлука за членство на Финска во НАТО со која „би ја шокирал Шведска“.
Финска ги контактирала турски власти и преку кабинетот на претседателот и преку министерот за надворешни работи Пека Хависто, и соопштиле дека Финска не ја сменила политиката за заеднички влез во западниот воен пакт со Шведска.
Турција минатата недела ги прекина разговорите со Шведска и Финска за нивните барања за влез во НАТО, по протестот на кој лидерот на данското антиисламско движење „Страм курс“, Расмус Палудан запали примерок од Куранот пред турската амбасада во Стокхолм.
Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром потврди дека процесот на влегувањето на Шведска во НАТО е прекинат поради палењето на Куранот, но изрази надеж дека договори со Анкара би можеле да бидат постигнати на самитот на министрите за надворешни работи на НАТО во Вилнус во јули годинава.
Финска и Шведска, поради рускиот напад на Украина, на 18 мај 2022 година поднесоа пријави до генералниот секретар на НАТО за влез во Северноатлантската алијанса. Пријавите на Шведска и Финска за НАТО не ги ратификуваа само две до 30 земји а тоа се Унгарија и Турција.
Подготвено од М.Н.