https://www.facebook.com/photo.php?fbid=664492385044492&set=pb.100044512086347.-2207520000.&type=3

21.01.2023 Скопје

Европскиот предлог за дијалог меѓу Белград и Приштина беше главна тема на средбата меѓу косовскиот премиер Албин Курти и претставниците на Европската унија, Соединетите Американски Држави, Германија, Франција и на Италија, соопшти Владата во Приштина.

Како што се наведува во соопштението, на средбата се разговарало и за правата на малцинствата, барањето пет земји од ЕУ да го признаат Косово и членството на Косово во меѓународните организации.

Во соопштението на Владата на Косово е посочено дека учесниците на средбата повеќе од два часа разговарале за европскиот предлог, кој премиерот Курти го цени како добра основа за понатамошна дискусија, со цел да се придвижи напред кон целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, со меѓусебно признавање.

Курти изразил подготвеност за следни средби на високо политичко ниво и интензивирање на процесот, се истакнува во соопштението на косовската Влада.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *