https://twitter.com/JosepBorrellF/status/1244950990522122241/photo/1

23.01.2023 Скопје

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, изјави дека Европската унија конечно е енергетски независна од Русија.

Борел истакна дека за само неколку месеци ЕУ успешно се осамостоила од енергетската зависност од Русија која што ја граделе и поддржувале со години наназад.

Коментирајќи го поскапувањето на енергенсите, Борел изјави дека тензичната ситуација на пазарот веќе не може да се поврзува со војната во Украина, туку дека тоа е „структурен проблем“ на корелацијата на цените на гасот и електричната енергија.

Високиот претставник на ЕУ, Борел, изрази надеж дека Европската Комисија ќе донесе мерки што ќе ги ублажат последиците од високите цени на енергенсите.

Подготвено од М.Н.

About Author