https://www.facebook.com/tiktok/photos/2056769891159989

20.01.2023 Скопје

Претставници на Европската унија и се заканија на социјалната мрежа Тик Ток со престроги санкции затоа што дозволува ширење на штетна содржина.

Европската комисија го предупреди извршниот директор на Тик Ток, ,Шо Зи Че, дека компанијата мора веднаш да почне да се придржува до правилата на ЕУ или ќе се соочи со огромни санкции.

Еврокомесарот Тиери Брентон изјави дека неприфатливо е зад навидум забавните и безопасни можности, корисниците за само неколку секунди да можат да пристапат до штетна, а понекогаш дури и опасна по живот содржина.

Tик Ток се соочи со голем број проблеми за време на неговиот брз раст на ривалските социјални платформи во сопственост на Мета и ЈуТјуб, главно поврзани со безбедноста и благосостојбата на неговите многубројни малолетни корисници.

„Нема да се двоумиме да ги воведеме сите можни санкции доколку контролите не покажат целосна усогласеност“, додаде Бретон, потсетувајќи на Законот за европски дигитални услуги, според кој големите платформи од 1 септеври годинава ќе бидат одговорни за кршење на правилата.

Подготвено од М.Н.

About Author