https://www.flickr.com/photos/192393244@N02/51037361322/in/photolist-2kKZPpy-6x1k2b-26TeqrF-21nFE7D-7qkUdX-dNFhCL-dNzw94-dNFbt1-dNFefm-dNzBxt-dNFbHj-p5BN5z-dAnE5G-dNF41y-dNzrjX-dNzqSn-bAjHhi-fBtKUv-bAjFti-26TepKF-bAjGop-bnpMDG-bAjF1v-J1Yozg-bnpNZo-4sNBdY-EeLzZM-bAjGTk-2nTmCNA-26PjtS3-3BGXh3-cCLJjA-s1iZxR-nFfwkP-2hvZgZJ-6x1jYN-2n781LK-9iB5H6-2n7dtaC-2n7gbfS-26Terst-6evyYv-2kX6zRN-2n7cZ7g-2n7eGDf-2n781KN-2n7cZ9R-2n7eGBM-2n7cZkn-sjD26n

11.01.2023 Скопје

Европската унија и НАТО ќе ја објават одлуката за формирање оперативна група за заштита и отпорност на критичната инфраструктура, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред почетокот на состанокот на Колеџот на комесари на кој е поканет да присуствува и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Во оперативната група експерти на ЕУ и НАТО ќе работат заедно на идентификација на клучните закани за нашата критична инфраструктура, на проучување на ранливостите и ќе на развивање клучни принципи за подобрување на отпорноста, но и на понуда предлози за мерки и акции за санација“, изјави Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен посочи дека оперативната група првично ќе ги опфати транспортот, енергетиката, дигиталната област, а потоа ќе ги информира земјите-членки на ЕУ и на НАТО.

„Желбата за да размислуваме заедно како да ја направиме нашата критична инфраструктура и технологија поотпорна на потенцијални закани и да преземеме активности за да ги отстраниме можните пропусти, е важен чекор кон зајакнување на нашите општества“, истакна Столтенберг.

На денешната редовна средба на комесарите на Европската комисија, во присуство на првиот човек на Алијансата, ќе разговараат и за потенцијални промени кои се неопходни во политиките на Унијата и НАТО за безбедноста на Европа и европскиот регион.

Подготвено од М.Н.

About Author