03.01.2023 Скопје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, повикувајќи се на прелиминарни податоци објави дека извозот на Турција достигна историски максимум од 254,2 милијарди долари во 2022 година.
И покрај глобалните предизвици, бројката се зголеми за 12,9 отсто во однос на претходната година, рече Ердоган при објавувањето на податоците за надворешната трговија за 2022 година, и додаде дека единствена цел е да се обезбеди Турција да го заземе своето место меѓу првите 10 земји извозници во светот.
Турскиот претседател Ердоган истакна дека извозот на Турција во турски лири минатата година достигнал речиси 350 милијарди турски лири (19 милијарди долари).
Бројот на земји и региони во кои се извезува со турска национална валута достигна 197, додаде претседателот Ердоган.
Подготвено од М.Н.