https://www.facebook.com/photo.php?fbid=706917177470005&set=pb.100044551864456.-2207520000.&type=3

06.01.2023 Скопје

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека тој, рускиот претседател Владимир Путин и сирискиот претседател Башар ал-Асад би можеле да разговараат за мир и стабилност во Сирија.

Министрите за одбрана на Турција, Русија и на Сирија на 28 декември во Москва разговараа за борбата против терористите во Сирија и се договорија повторно да се сретнат за да разговараат за воспоставување стабилност во Сирија и поширокиот регион.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека состанокот на тројцата лидери би можел да биде во средината на јануари.

Подготвено од М.Н.

About Author