16.01.2023 Скопје
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција ги одржува и ќе продолжи да ги одржува односите со претседателот на Русија, Владимир Путин, додека „сите од Западот го напаѓаат“.
Властите во Анкара, од почетокот на руската инвазија врз Украина неколкупати повторија дека Турција нема намера да ги следи западните земји и да им се приклучи на санкциите против Русија.
„Сите ја нападнаа Русија, но ние не, и напротив, ги одржувавме односите со претседателот Путин на ист начин како и досега“, истакна претседателот Ердоган на средбата со младите од неговата партија во Мугла, каде се осврна и на договорот за извоз на жито од Украина, кој беше постигнат со посредство на турскиот претседател.
Подготвено од М.Н.